Надал го “скроти” сервисот на Иснер, Мареј поради исцрпеност заврши со турнирот

Рафаел Надал излезе на крај со бомбите од сервис на американскиот тенисер Иснер и со победа од 2:0 се пласира во четвртфиналето на турнирот од мастерс-серијата во Рим.

Иснер, кој е еден од највисоките тенисери во моментов, има неверојатно силен сервис, но тоа не помина против Надал. Шпанецот славеше на двапати со 6:4.

Поради исцрпеност, шампионот од претходниот мастерс-турнир во Мадрид, Енди Мареј го откажа мечот со Давид Гофин.

Останатите мечеви се играат денеска.