Надал и Федерер експресно во 1/8 финалето во Монте Карло

Светскиот тениски рекет број еден се плаира во осминафиналето на мастерс турнрот во Монте Кaрло, откако славеш над Тејмурас Габашвили со 6:4, 6:1. Надал во следното коло ќе игра против Италијанецот Андреас Сепи, кој беше подобар од Шпанецот Павло Андухар со 2:1.

Место во осминафиналето обезбеди и Швајцарецот Роже Федерер, кој по неколкугодишна пауза се врати да настапува на турнирот во Монте Карло и веднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма. Швајцарецот немаше проблеми против Радек Степанек, совладувајќи го со убедливи 6:1, 6:2. Негов ривал во наредното коло ќе биде Лукаш Росол, кој  славеше над Лодра со 6:4, 6:4.