Надал и официјално го потврди настапот во Хамбург

Надал се враќа во Хамбург

Рафа на овој турнир нема играно уште од 2008 година кога си замина со титула, совладувајќи го во финалето Рожер Федерер со 2:1 (7:5, 6:7, 6:3). Сепак, самиот факт дека организаторот ќе му исплати 500 илјади евра за самата пријава на турнирот, е мотив плус за Шпанецот да се подготви најдобро што може.

„Воодушевени сме што на нашиот турнир ќе го гледаме најдобриот тенисер на земјена подлога во историјата на тенисот. Секако дека има финансиски ризик, но Надал сигурно ќе биде мотив плус за гледачите да дојдат на трибините“, велат организаторите.

Наградниот фонд на турнирот во Хамбург изнесува 1,19 милиони евра. За Надал, ова ќе биде прв настап по Вимблдон, каде доживеа елиминација во второто коло.