Надал и Вавринка елиминирани од Мастерсот во Мајами

Поранешниот најдобар светски рекет, Рафаел Надал е далеку од препознатливата форма и врвните резултати, откако синоќа Фернандо Вердаско успеа да го елиминира во шеснаесетинафиналето на Мастерсот во Мајами со 2:1 во сетови.

Вердаско го доби првиот сет со 6:4, но Надал се врати во вториот и го доби со убедливи 6:2. И кога се чинеше дека ќе има пресврт во корист на 3-от светски рекет, Вердаско повторно беше подобар и го доби одлучувачкиот трет сет со 6:3.

Елиминација доживеа уште еден од главните носители на турнирот, Станислас Вавринка кој загуби од Французинот Адриан Манарино со 2:0 (7:6, 7:6).

Пласман во следното коло обезбедија Бердих, Монфилс, Мареј, Белучи..