Спорт

Надал има предност од 4.000 бодови во однос на Ѓоковиќ

Надал има предност од 4.000 бодови во однос на Ѓоковиќ

На најновата АТП листа првиот светски тениски рекет Шпанецот Рафаел Надал, има предност од 4000 бодови пред Србинот Новак Ѓоковиќ, кој е на втората позиција. Надал моментно има 14.580 бодови, а Новак 10.580 бодови. На третото место е Швајцарецот Станислав Вавринка со 5.560 бодови, четврти е Шпанецот Давид Ферер со 5.370, додека првата петорка ја комплетира Арегентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 4.960 бодови.