Надал ја одбрани титулата во Мадрид

Шпанецот Рафаел Надал ја одбрани титулата на мастерс турнирот во Париз, откако во финалето славеше над Јапонецот Кеи Нишикори. Јапонецот го освои првиот сет со 6:2, додека вториот му припадна на Надал 6:4, додека во решавашкиот сет заради повреда Нишикори го предаде мечот при резултат 3:0 за Шпанецот .

За Надал ова е четврта титула во Мадрид , а 27 мастерс во кариерата.
На женскиот дел од турнирот триумфира Марија Шарапова, која во три сета ја совлада Романката Симона Халеп со 1:6, 6:2, 6:3.