Надал полека се враќа во препознатливата форма

По успешниот кам-бек на тениските терени, Рафаел Надал оствари нова победа на тенискиот турнир во Пекинг, совладувајќи го со 2:0 во сетови го совлада германскиот тенисер Петер Гојовчик.

Очигледно е дека светскиот рекет број два се уште не е на она ниво на кое сме навикнати да го гледаме, но сепак прикажаната игра денеска беше доволна за да го совлада 122 тенисер на АТП листата.

Шпанецот го доби првиот сет со сигурни 6:3, потоа направи брејк во раната фаза од вториот, а единствените проблеми против Гојовчик ги имаше во последниот сервис гејм во кој се соочи и со брејк топки. Сепак, Надал не потклекна под притисокот и со конечни 6:4 се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир во Кина каде противник ќе му биде Словакот Мартин Клижан.