Надал со двојна мотивација во дуелот против Ѓоковиќ

Рафаел Надал има двоен императив на денешниот натпревар против Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето од “Ролан Гарос”.

Освен што ќе се бори да го сочува приматот на францускиот Гренд слем и да остане во игра за десеттата круна на овој турнир, Шпанецот мора да го чува и своето реноме. Во случај да доживее елиминација од Ѓоковиќ денеска, Надал ќе ја загуби титулата, а со тоа и 1.640 бода на АТП листата поради што првпат по повеќе од една деценија ќе испадне од Топ 10.

На средината од минатиот месец тој првпат по десет години испадна од првите пет на листата, но евентуален пораз денеска ќе претставува уште поголем удар за неговата кариера. Се разбира, во следниот период Надал ќе може да се врати во врвот бидејќи се до крајот на годината ќе му биде плус на бодовното салдо, но тешко дека некој ќе го заборави падот и елиминацијата од првата десетка.

Во моментов, Шпанецот е на седмата позиција со 4.570 бода, а ако загуби од Ѓоковиќ ќе има помалку 3.000 бода. Дуелот со српскиот ас е 44 меѓусебен, во досегашните 43, Надал води со 23-20.