Надал со Мареј во ½ финалето на Ролан Гарос

Бранителот на титулата на вториот грен слем турнир Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал и Британецот Енди Мареј ќе ги одмерат силите во полуфналето. Надал до место меѓу најдобрите четири на турнирот стигна , откако во четири сета го совлада сонародникот Давид Ферер со 4:6, 6:4, 6:0, 6:1. Мареј, пак имаше потешка задача и во пет сета славеше над Французинот Гаел Монфилс со 6:4, 6:1, 4:6, 1:6, 6:0.

„Беше навистина многу напорно. Условите за игра беа тешки, ветарот правеше проблеми. Но, успеав да се фокусирам во најважните моменти, во решавачкиот петти сет“, изјави Мареј.
Во второто полуфинале на турнирот силите ќе ги одмерат Србинот Новак Ѓоковиќ и Летонецот Ернест Гулбис.