Надал тренира со полн интензитет за Австралија Опен

Најдобриот шпански тенисер и третопласиран на АТП листата, Рафаел Надал изјави дека ќе биде целосно подготвен за Australia Open.

Тој рече дека конечно може да тренира со ист интензитет подолго време, а притоа да не почувствува никаква болка, особено по операцијата на слепото црево, што е многу битно за него.

Надал последен пат играше на турнирот во Базел, а до почетокот на првиот Грен-слем турнир во 2015 има нешто помалку од еден месец за да се доведе во што е можно подобра форма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.