„Надеж 1 и 2“- аферите на Црвенковски вредни милиони

Опозициската СДСМ со години е дел од низа афери поврзани со медиумите и новинарите. Во центарот на истите најчесто се афери поврзани со медиумите. Тие со нив склучувале фирми, се пазареле за остварување на одредени цели, но сево ова чинело милиони. СОРОС и тогаш бил еден од најголемите финансиери, пишува Курир.

„На­деж“ е име­то на стра­те­ги­ја­та на СДСМ, плате­на со 340.000 евра на­род­ни па­ри, со ко­ја ме­сто со из­бор­на про­гра­ма, пар­ти­ја­та тре­ба со прити­сок и на­си­ла да ја за­зе­ме вла­ста. Ед­на по­ло­ви­на од таа пла­тфор­ма се со­стои од ди­рект­на или ин­ди­рект­на зло­у­по­тре­ба на ме­ди­у­ми. Оваа афера прерасна во меѓународен скандал. Според владејачката партија, аферата на Црвенковски предизвика штета и рушење на угледот на државата. Екс-лидерот на СДСМ лично ја донесе одлуката за ангажирање на словенечки експерти. ВМРО-ДПМНЕ тогаш реагираше дека Борут Пахор го советувал Црвенковски да ги земе експертите кои го советуваа како да го руши легитимно избраните институции во Македонија. Овој чекор владејачката партија тогаш го нарече срамен, непромислен и низок.

Според аферата „Надеж 1“, кабинетот на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, летото во 2007 година ги ангажирале Словенците Дејан Верчиќ, Дијана Гутеша и Пеѓа Ашанин-Голе, од кои првите двајца се од словенечката ПР-агенција „Пристоп“, за стратешки совети и консултански услуги. Цената е 340.000 евра за две години советување, кое завршило во април 2009 година, еден месец пред да стане Ѓорѓе Иванов нов претседател. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од 2008 година, немало шти спорно во оваа финансиска егзибиција, бидејќи кабинетот на претседателот има дискрециско право да ангажира лица “со договор на дело“. Но, оваа постапка се коси со законот за јавни набавки, според кој за инвестиција на сума над 5.000 евра е потребен тендер. Но, втор проблем е што работеле советодавците од Словенија? Овие ликови работеле и на кампања за реизбор на Црвенковски на претседателското место, за во ноември 2008 година да го состават меморандумот со наслов „Надеж“, каде во основните точки е наведено и тоа дека Црвенковски нема да се кандидира за нов претседателски мандат, но дека се враќа во партијата.

Како што тогаш пишуваше „Дневник“, надежните словенечки советници му предложиле на Црвенковски да се направи сопствена медиумска алтернатива со помош на Сорос-фондовите или европските фондови за плурализација на медиумите и медиумска слобода (што ги одредува канцеларијата на Европската унија во Скопје).

Но, овде аферата Надеж не го доживеа својот крај. Пред јавноста беше обелоденето и нејзиното продолжение. Нова афера одекна од кабинетот на Бранко Црвенковски, наречена „Надеж2“. . Кабинетот на поранешниот претседател,  исплатил сума од над 530.000 евра на приватната фирма за комуникациски менаџмент “Пристоп МК“, за организација на Охридскиот самит на претседатели, кој траеше само еден и пол ден, на почетокот на мај, 2008 година.

Посебна приказна, пак, е аферата „Надеж 2“, поврзана во голем дел со истите ликови од „Надеж 1“, а на чело со тогашниот претседател Црвенковски. Овојпат се работи за тендер за организирање на Самитот на претседателите од Југоисточна Европа, одржан на 2. и 3. мај 2008 г. во Охрид, на кој учествуваа 16 државници од земјите од посочениот регион.

Посочените 32.729.673,48 денари, на кабинетот на претседателот Црвенковски му ги доделила Владата, а наместо целата организација да му ја додели на министерството за надворешни работи, кое има искуство од организација на вакви настани, кабинетот прави тендер на кој триумфира „Пристоп МК“. Македонското претставништво на словенечката компанија на тендерот победува извесна бугарска фирма ‘Love Wing’, која имала идентична понуда во многу сегменти со македонските Словенци, но другите ја намалиле сумата за ПР-услуги и маркетинг.

„Надеж 1“ и „Надеж 2“ се само две од низата афери кои се случија во кабинетот на Бранко Црвенковски, без разлика во која функција бил во државава.

Извор: Курир.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.