Надлежните смируваат, косовскиот пациент нема ебола

Косовецот кој деновиве се вратил од аџилак нема симптоми на ебола, тврдат надлежните косовски служби.

Директорот на Националниот Инситут за јавно здравје, Насер Рамадани за радио Косово изјави дека споменатото лице е под целосна опсервација бидејќи повраќал но немал зголемена температура. Тој додаде дека пацентот нема никаков симптом на ебола.

-Лицето, кое се вратило од аџилак, под соммение дека има некои евентуални  клинички знаци на ебола, е под целосна опсервација, од доаѓањето на аеродромот, од Националиот инситут, од Инфективната клиника и синоќа заврши во Болницата во Дарданија  каде бил упатен од Инфективната клиника за да добие терапија бидејќи има повраќање, но не и зголемена температура, изјави Рамадани.

Според него пациентот нема никакви симптоми на ебола поради што нема да бидат правени никакви анализи.

Веста дека има пациент со симптоми на ебола најпрво ја пренесе Клан Косова телевизија, повикувајќи се на лекари од болницата. Тие додале дека се чека анализа.