понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Надлежните остануваат на терен: Патиштата проодни, енергетскиот систем стабилен- студот продолжува

sule

Поврзани вести

Сите надлежни институции остануваат подготвени и на терен за да одговорат на предизвиците што може да се појават од најавеното време.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција упати благодарност до сите институции и лица кои се на терен и кои со својот ангажман помогнаа во надминување на предизвиците, до локалната власт и сите граѓани.

Според податоците од УХМР денес е портокалова фаза во осоговско-малешевскиот и полошкиот регион. Оваа фаза ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Студеното време продолжува до вторник, а од среда ќе има благ пораст на температурите.

Доктор Јованка Костовска истакна дека препораките се, од утре до вторник бремените жени и хронично болните лица над 60 годишна возраст, да се ослободат од работа, во тие два дена.

Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи, истакна дека според информациите од надлежните служби, магистралните и најголем дел од регионалните патни правци се проодни, отежнато во зимски услови.

Генералната оценка за дистрибутивниот систем за електрична енергија е стабилна- нема поголеми дефекти и проблеми. Она што треба да не загрижи, според Атанас Ковачевски од ЕВН, е зголемената потрошувачка.

Најчитани вести