Надоаѓа нов влажен бран со пад на температурите

Времето во понедленик ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури ќе се движат од 11 Целзиусови степени во западните предели, 14 и 15 степени на истокот до 24 степени на југот. Во Скопје и околината температурата ќе достигне до 19 степени.

Од денеска во Македонија се очекува да следи период на променливо и нестабилно време, а во попладневните часови и локален пороен дожд со грмежи. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и вторник.

Влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава. Позначително, но не и долготрајно спуштање на температурата се очекува од среда. Во среда претпладне на запад сé уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.