четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Надоместок за згрижувачките семејства зголемен за 25 отсто

Лицето кое континуирано 5 години згрижува дете во своето семејство, доколку нема оставерено право на пензија, со наполнети 62 години ЦСР му исплаќа надомест до крајот на животот.

Надоместок за згрижувачките семејства зголемен за 25 отсто

Надоместок за згрижувачките семејства зголемен за 25 отсто

Поврзани вести

Министерството за труд и социјална политика и С.О.С.  детското село денеска во Битола го промовираа проектот „На секое дете му е потребно семејство“.

Целта е да се зголеми интересот кај граѓаните и да се зголеми бројот на згрижувачки семејства.

Зголемување на мрежата за згрижувачки семејства и зголемување на интересот кај граѓаните за ваков вид на згрижување на деца е целта на проектот „На секое дете му е потребно семејство“.

Овој проект денес во Битола го промовираа Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјални работи Битола и С.О.С. детско село.

Потребно е на сите деца без исклучок да им се обезбеди средина најблиска до семејната и токму поради тоа стартуваше  Проектот за зголемување на бројот на згрижувачките семејства во Република Македонија, во чии што рамки се спроведува и кампањата „На секое дете му е потребно семејство“.

 

Висината на паричниот надоместок во јуни 2015 година е зголемен за 25% и изнесува помеѓу 8.125 денари и 10.625 денари.

Уште една поволност нуди Министерството преку оваа форма на згрижување. Лицето кое континуирано 5 години згрижува дете во своето семејство, доколку нема оставерено право на пензија, со наполнети 62 години ЦСР му исплаќа надомест до крајот на животот. Тој надомест во моментов изнесува 8.000 денари.

Најчитани вести