„Надрилекарка“ од Гевелија им одредувала диоптер на пациенти

Кривична пријава против М.Г. (62) од Гевгелија поднесе СВР Струмица,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.

Во периодот од мај 2016 година до поднесување на пријавата, пријавената, без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.