Надзорниот одбор ги поништи одлуките аминувани од Заев

Надзорниот одбор на СДСМ ги поништи фалсификуваните одлуки на општинскиот огранок на СДСМ во Гази Баба, објави Пресс 24 повикувајќи се на партиски извори.

Според порталот, членовите на Надзорниот одбор решиле дека во при изборот на 7мина членови за во Извршниот одбор на СДСМ во општинската во Гази Баба е прекршен партискиот Статут.

Медиумите минатата недела објавија документи кои потврдуваат дека во партиските органи на СДСМ се врши груб фалсификат. Интересно е што на седницата на општинскиот во Гази Баба, делегатите пред очите на Заев и Генералниот секретар Оливер Спасовски допишувале и бришеле имиња на списокот за присутни со цел да обезбедат кворум и да ги избиреат седумината членови на Извршниот.

Високи функционери во СДСМ за Press24 велат дека и Заев и Спасовски не превземале ништо и практично го аминувале фалсификатот, но откако скандалот изби во јавноста, Надзорниот одбор немал друго решение освен поништување на одлуката и враќање на изборот на почеток. Тие коментираат дека Заев катастрофално ја води партијата и си дозволува пред членството да учествува во груби внатрепартиски фалсификати, додека пред јавноста и во медиумите вели дека се бори за техничка Влада која нема да дозволи да се фалсификуваат изборите на централно ниво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.