Нафтата би можела да падне на 10 долари за барел

Цената на нафтата би можела да падне на дури 10 долари за барел во рок од 10 години како последица на бран од „енергетско цунами“. Ова го очекува шефот за иновации на француската енергетска компанија „Анжи“, Тијери Леперк.

Притисокот на нафтата, како што вели во интервју за „Блумберг“, ќе извршат ниските трошоци за производство на соларна енергија, растот на продажба на електрични возила, експанзија на „паметни“ згради и евтиниот водород.

Трошоците за производство на соларна енерија, според неговите зборови, веројатно ќе паднат под 10 долари за мегават-час електрична енергија до 2025 година на најсончевите места на светот, со што ќе стане најевтин извор на електрична енергија.

Се’ повеќе автомобилски компании, како што вели, нудат електрични возила со домет од 500 километри, а одделни градови забрануваат автомобили на дизел и бензин, што ќе се одрази над продажбата на нафта, а со тоа и на цената на овој енергенс.

За помалку од 10 години, како што додава Леперк, водородот којшто ја претвора соларната енергија во погонско гориво ќе биде евтин како и течниот природен гас.