Нафтата од Блискиот исток влијаеше врз цените на нафтата

Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во јануари на Трговската берза во Њујорк поскапела за 20 центри на 97,40 долари за барел, додека истата количина од северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 11,69 долари, односно 19 центи помалку.

Членките на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), на состанокот во Виена договорија да ја задржат актуелната квота за производство на нафта на 30 милиони барели дневно и покрај загриженоста поради зголемените резерви и конкуренцијата.

Министерот за нафта на Ирак, Абделкарим ал Луајби оваа недела најавил дека неговата земја во 2014-та година ќе го зголеми извозот на нафта на 3,4 од 2,4 милиони барели.

„Иран, чиј извоз е намален на 1,2 милиони барели во текот на меѓународните санкции поради спорната нуклеарна програма, би можел веднаш да го зголеми извозот на четири милиони барели доколку се укинат санкциите“, наведува иранскиот министер за нафта, Бижан Зангане.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.