среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Нафтата падна на 30 долари за барел

Цената на „црното злато“ падна за 10 отсто минатата недела, поради зголемената загриженост на инвеститорите од презаситеноста од глобалната понуда и слабоста на клучниот пазар, Кина, кој е најголем светски потрошувач на енергенси.

Нафтата падна на 30 долари за барел

Нафтата падна на 30 долари за барел

Последни вести

Цената на нафта на светските безри денеска падна на под 31 долари за барел, како последица на презаситеност на пазарот, јакнење на доларот и намалување на побарувачката.

Американската „лесна“ нафта за испорака во февруари на утринава на електронското тргување на Берзата во Њујорк поевтини за 87 центи или 2,77 отсто, на 30,54 долари за барел.

Во исто време на Берзата во Лондон, референтанта цена на северноморската нафта од типот „брент“ се намали за 98 центи, односно 3,11 проценти, на 30,57 долари за барел.

Последен пат цената на американската нафтата беше толку ниска во декември 2013 година, кога изнесуваше 29,66 долари за барел, додека „брент“ на ова ниво беше во април 2004 година, кога чинеше 29,95 долари за барел.

Цената на „црното злато“ падна за 10 отсто минатата недела, поради зголемената загриженост на инвеститорите од презаситеноста од глобалната понуда и слабоста на клучниот пазар, Кина, кој е најголем светски потрошувач на енергенси.

Најчитани вести