Свет

Нафтата поевтина по сумирање на профитите

Нафтата поевтина по сумирање на профитите

Цените на нафта денеска се намалија, откако инвеститорите го сумираа профитот од повеќедневните добивки, додека во исто време, се фокусираа на меѓународните тензии околу настаните на Крим.

Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во април поевтини на Трговската берза во Њујорк за 25 центи на 99,45 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во мај на пазарите во Лондон чинеше 106,77 долари, односно два цента помалку во однос на вчерашното тргување.

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпишал документ за влез на Крим во состав на Русија, по што украинскиот премиер, Арсениј Јаценјук рекол дека судирите на Крим влегле во воена фаза и ја обвини Русија дека со отворање на оган кон украинските војници направила „воено злосторство“.