Нафтата поскапа заради падот на залихите во САД

Терминските цени на нафтата денес пораснаа, откако САД пријавиле голем пад во залихите, што зборува за силното побарување во земја која е најголем светски потрошувач на сурова нафта.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во септември поскапе на берзата во Њујорк за два центи на 103,14 долари по барел, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ за септемврсика испорака на пазарот во Лондон лини 108, 11 долари, односно осум центи повеќе на крајот на вчерашното тргување, пренесе агенцијата Фран прес.

Според соопштувањето на американската служба за енергетски информации, залихите на нафта во САД во неделата заклучно со 18-ти јули паднале за 4 милиони барели, што е четврта последователен пад на залихите и далеку поголем пад од прогнозираните 2,5 милиони барели.

Овој извештај, исто така, покажал дека залихите на терминалот за складирање на нафтата Кушингу (американската сојузна држава Оклахома) се намалени за 1,5 милиони барели.

Намалените залихи обично се показател за силни побарувања и се позитивна вест за цената на нафтата. Во Сад моментално е летна сезона кога американците традиционално трошат големиколичини на бензин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.