Нафтата поскапе на крајот на годината

Цените на нафтата денеска поскапеа, но тој раст бил ограничен бидејќи инвеститорите ги сумираат профитите пред крајот на годината.

Еден барел американска „лесна“ нафта за испорака во февруари на Трговската берза во Њујорк поскапе за пет центи на 99,34 долари за барел, додека истата количина на северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинеше 111,34 долари, односно поскапе за 13 центи.

„Лесната“ нафта вчера во Њујорк поевтини за 1,03 долари поради сумирањето на профитите, откако во петокот била заклучена над психолошката граница од 100 долари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.