Нафтената компанија „Роснефт“ ќе го вработи Ходорковски?

Нафтената компанија „Роснефт“ е подготвена да разгледа предлози за обезбедување на работа на Михаил Ходорковски, пренесе „РИА Новости“.

„Ние сме подготвени да разгледаме какви и да е предлог, но имаме точно одредени стандарди. Квалификацијата мора да биде потврдена, но доколку се појави интересен предлог, ќе го разгледаме, мислам дека Ходорковски е искусен и креативен човек и ќе даде свој придонес за компанијата“, изјавил претседателот на „Роснефт“, Игор Сечин.