Нафтогас поденесе тужба против Гаспром, Гаспром со противтужба

Украинскиот „Нафтогас“ поднесе тужба во Арбитражниот суд во Стокхолм со барање да се воспостваи правилна пазарна цена за гасот што Гаспром го испоставува во Украина, пренесоа медиумите.

Тужбата исто така содржи барање да се пресмета колку заради превисоката цена на гасот кој рускиот монопол и го испорачал на Украина од 2010 година, а што според проценката на Украинскиата компанија изнесува 6 милијарди долари.

„Гаспром“ уште ова утро се обрати до Стокхолмскиот суд со тужба против „Нафтогас“ поради долгот од 4,5 милијарди долари за испорачаниот гас. Поради неплаќање на долгот „Гаспром“ за Украина вовед режим на авансно плаќање.