Награда „Бели мугри“ за Марта Маркоска

Во чест на раѓањето на великанот на македонската книжевна реч, Кочо Рацин, во рамки на манифестацијата „Денови“, во понеделник, во Домот на културата „Кочо Рацин“, по шести пат, ќе ја додели наградата „Бели мугри“.

Оваа година, од дваесетина пристигнати ракописи, комисијата едногласно ја додели оваа награда на поетскиот ракопис „Црни дупки во нас“ од авторката Марта Маркоска.

ПРИМЕНЕТА АСТРОНОМИЈА

Додека ми велиш
ништо не е сменето
космосот се раширил
а ние сме неколку галаксии
подалеку еден од друг!

Додека ми велиш
во твојата душа е облачно
а мојата аура се полни со сонце
те потсетувам дека теоријата на хаосот
е настаната од метеорологијата

Додека ми велиш
требаше да го сопреме времето
кога љубовта имаше најголема густина
а телата најголеми магнетни сили
те потсетувам дека црните дупки
настанаа поради сопствена имплозија
и сега тие постојат и во нас!