Македонија

Награда од 30.000 денари за писмо напишано од срце

Награда од 30.000 денари за писмо напишано од срце

Со наградна игра Агенцијата за пошти ќе ги потсети граѓаните на значењето на искрениот пишан збор,  на среќата кога се отвора писмо, на задоволството кога се читаат тие зборови,

Од Агенцијата информираат дека со цел да се обнови традицијата на пишување писма, да се стимулира креативниот однос на граѓаните кон интимната димензија на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои што во историјата на светската култура има оставено неизбришливи траги  е распишан награден конкорус „НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО“. На конкурсот можат да учествуваат сите граѓани, а темата е слободна.

Конкурсот ќе биде поделен во три категории:

I категорија – за деца до 12 годишна возраст, со награди од 9.000, 6.000 и 3.000 денари

II категотија – за млади до 18 годишна возраст, каде се доделуваа награди во вредност од 12. 000, 9.000 и 6.000 денари.

III – за возрасни над 18 години, кои можат да освојат 30.000, 18.000 и 6.000 денари.

Покрај паричните ќе бидат доделени и награди во книги.

Пристигнатите писма треба да ги исполнуваат неколку услови, да бидат напишани со личен авторски ракопис на македонски или албански јазик, не смеат да бидат претходно објавувани и да не бидат подолги од 500 збора.

Исто така да биде запазена формата на пишување писмо – со обраќање до примачот.

На задната страна на ковертот, авторот на писмото да ја наведе точната адреса на живеење . Дополнителни информации и контакт може да се испратат на посебен лист во истиот коверт.

Писмата треба да се испратат најдоцна до 14 април 2014 година, во плик на следната адреса : Агенција за пошти, (со назнака: за награден конкурс – категорија), п.фах 164, 1001 Скопје

Доставените писма не се враќаат. Дозволени се номинации само од авторите на писмата. Одлуката на жирито е конечна. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 14 мај 2014 година.