Награда за тие што ќе ги најдат терористите што го срушија рускиот Ербас

Награда од 50 милиони долари за оние што ќе ги најдат одговорните за рушењето на рускиот Ербас. Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека одговорните за рушењето на рускиот Ербас „ќе ги бара во секој агол на планетата и ќе ги казни“.

Тој наведе дека Русија ќе ги засили нападите врз засолништата на исламистите во Сирија.

Нашите воени активности не само што ќе продолжат, туку ќе бидат и засилени за терористите да сфатат дека одмаздата е неизбежна, рече тој.

Награда од 50 милиони долари за оние што ќе ги најдат одговорните

Тој соопштил дека Русија ќе ги награди со 50 милиони долари оние што ќе ги пронајдат одговорните за рушењето на авионот, пренесува „Раша Тудеј“.

Инаку, како што соопшти шефот на руската Федерална безбедносна служба Александар Бортников, рушењето на рускиот Ербас е последица на терористички напад.

Повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.