Награда за енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски”

Престижната интернационална награда на фондацијата Енерџи глоуб, која секоја година се доделува за најдобрите светски еколошки проекти, годинава му припадна на проектот Енергетска обнова на ОУ “Партенија Зографски” од општина Кисела Вода.

Жири комисијата составена од висок тим од светски  експерти, одлучи дека од пристигнатите 1000 проекти од преку 120 земји, националната награда годинава ќе му ја додели на Славко Митовски, советник во одделението за енергетска ефикасност и обновливи енергетски извори во општина Кисела Вода.

Церемонијата за доделување на наградата на фондацијата Енерџи глоуб со седиште во Австрија, ќе се одржи на 27ми мај.