Награда за карикатуристот Ларс Вилкс во данскиот Парламент

Шведскиот карикатурист Ларс Вилкс наесен ќе ја прими наградата за слобода на изразување во Кристиансборг, седиште на данскиот Парламент-Фолкетинг во Копенхаген, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Ларс Вилкс, кој пред неколку години во шведскиот весник „Нерикес алеханда“ објави карикатури на пророкот Мухамед со тело на пес, повеќе пати досега бил мета на закани и напади, а и терористичкиот атентат во Копенхаген изминатиот викенд започна со напад на културниот центар во кој се одржуваше трибина со учество на контроверзниот Вилкс.

Иницијативата за доделување на споменатата награда на Вилкс доаѓа од страна на данска организација која ја поддржува неговата дејност, данскиот Ларс Викс-комитет.

Дански медиуми јавија дека повеќе партии, меѓу кои Енхедслистан, Венстре, Либералната алијанса и Данската народна партија се позитивни во однос на предлогот церемонијата на врачување на наградата да се оджи во Кристиансборг.