четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Награда за „Трајни музички вредности“ за Игор Џамбазов

Музичката академија на радио „Бубамара“ оваа година без двоумење одлучи наградата за „Трајни музички вредности“ да му ја додели на Игор Џамбазов.

igor

Поврзани вести

Музичката академија на радио „Бубамара“ оваа година без двоумење одлучи наградата за „Трајни музички вредности“ да му ја додели на Игор Џамбазов.igor so hare

Нашиот познат актер и шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец,  повеќе од 40 години е значаен дел од македонската култура и уметност.

igor so severina

Со своите извонредни уметнички и сценски перформанси Џамбазов остави и сеуште остава неизбришлива трага.

igor dzambazov so dzambo

Како добитник на наградата за „Трајни музички вредности“, тој го најде своето место меѓу најдобрите кои досега блеснаа во оваа категорија, легендите Влатко Стефановски, Оливер Мандиќ, Тончи Хулиќ, Влада Дивљан и многу други.

igor so tijana

Специјалното, 19-то издание на „Златна Бубамара на популарноста“ годинава ќе се одржи на 18-ти февруари во „Метрополис  Арена“  во Скопје под мотото „ДА СЕ СОБЕРЕМЕ – ПРЕД ДА НÉ СОБЕРАТ“. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 6-ти и 7-ми февруари преку мрежата на Мк Тикетс.

igor (pozadina tose na video bim)

Најчитани вести