Награда за Зорица Петкоска во Азербејџан

Награда за Зорица Петкоска во Азербејџан
Награда за Зорица Петкоска во Азербејџан

Зорица Петкоска, автор на збирката „3боригами“ издадена во МАТИЦА, во ноември 2015, беше учесник на конференција на млади писатели од Европа во градот Ганџа, Азербејџан. Овој град е избран за европски град на младите за 2016та година, титула која претходно ја носеле Кључ-Напока, Солун, Ротердам итн.

По тој повод, невладината организација „Одлар Јурду“, поддржана од Министерството за образование и наука на Азербејџан, избра млади писатели, новинари и блогери од Европа кои го посетија градот и имаа задача да пишуваат за него. На крајот на настанот, беше организирано јавно читање на делата и гласање, и беа избрани тројца победници.

Третото место ѝ беше доделено на Милда Соколоваите од Литванија, првото место на Џада Пиери од Италија, а Зорица Петкоска го освои второто место со расказот „Соништа од Ганџа“.