Македонија

Награден Инстаграм фото-колаж конкурс на ОНЕ #секадезаедно

Награден Инстаграм фото-колаж конкурс на ОНЕ #секадезаедно

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ започнува награден Инстаграм фото-колаж конкурс. Ова вчера, претставници на ОНЕ го најавија пред учесниците на “Денот на социјални медиуми” кој со поддршка на ЏаБест, трета година по ред се одржува во земјава.

Темата на годинешниот конкурс е “Секаде заедно”, а право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија. Почнувајќи од денес 1 јули па се до 10 август, во три циклуси, македонските инстаграмџии ќе имаат можност да ги споделуваат своите Инстаграм фото-колажи направени исклучиво со мобилен телефон, притоа задолжително користејќи го #секадезаедно, и на тој начин да учествуваат во третиот по ред, но првиот Инстаграм фото-колаж конкурс на ОНЕ.

Сите фотографии кои ќе бидат колаж од најмалку две слики ќе влезат во потесниот избор за награда по циклуси и главна награда. За најдобра колаж фотографија по циклуси ќе одлучува тричлено жири во состав Небојша Гелевски (@banekoma) – победник на #zimogram, Мила Атковска (@temjanika) – фотограф и Душан Марковиќ (@onemkd) – претставник на ОНЕ. Жирито во истиот состав ќе ги одбере и најдобрите 20 фотографии на конкурсот од кои, по гласањето на ФБ страницата на ОНЕ, ќе биде избрана најдобрата Инста колаж фотографија.

Авторите на најдобрите фотографи по циклуси ќе бидат наградени со таблет SAMSUNG T210 7″, а авторот на најдобриот Инстаграм фото-колаж на целиот конкурс ќе биде награден со мобилен телефон SAMSUNG Galaxy S5.

Повеќе информации за наградниот конкурс на линкот http://one.mk/sekadezaedno/