вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 52

Награден натпревар „Македонија се сака на точак“

Во тек е наградниот натпревар под мотото „Македонија се сака на точак“ организиран од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

makedonija-na-tocak

Поврзани вести

Во тек е наградниот натпревар под мотото „Македонија се сака на точак“ организиран од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Наградниот натпревар се одвива преку социјалната мрежа Facebook, каде треба да се прикачи фотографија со велосипед, која не е направена при управување на велосипедот, но е направена на територијата на Република Македонија.

Повеќе од 100 учесници се пријавени на натпреварот а вкупната бројка на фотографии изнесува повеќе од 240.

Натпреварот ќе трае до 15 Септември 2016 година додека победниците ќе бидат објавени по завршување на наградниот натпревар.

Наградната игра може да се најде на следниот линк.

Изборот за највисоката парична награда (во вредност од 30.000,00 денари) ќе биде наменета за најубавата фотографија избрана од жири комисија составена од 5 члена, додека парични награди од 18.000 ден, 12.000 ден и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови.

Најчитани вести