Македонија

Наградени 25 најдобри матуранти во Скопје

Наградени 25 најдобри матуранти во Скопје

Вкупно 25 најдобри матуранти од 21 средно училиште во Скопје (21 со четиригодишно и четворица со тригодишно средно образование) денеска добија награди за првенци на генерацијата за учебната 2011-2015, односно 2012-2015, на деветтата манифестација на Град Скопје „Средба на првиот со најдобрите“.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски им врачи признанија и парични награди од по 20.000 денари и им посака успех во нивното натамошно образование и кариера.

Трајановски истакна дека целта на манифестацијата е да го афирмира знаењето и училишниот успех на првенците на генерацијата во средните училишта на Град Скопје и да им се оддаде јавно признание за постигнатите резултати.

– Вие со своите успеси и постигнувања се афирмирате себеси, вашето училиште, но и нас, граѓаните на Скопје и на Република Македонија. Праксата покажува дека секој млад човек кој бил првенец на својата генерација гради успешна иднина и достигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Вие веќе сте ја осознале најголемата вредност и потврда за човековиот развој, а тоа е учењето и знаењето, истакна Трајановски.

Добитници на наградите и признанијaта се: ВЕЉДЕТ ЏЕМАИЉИ од СУГС „Здравко Цветковски“, АНАСТАСИЈА МИОВСКА од СУГС „Марија Кири – Склодовска“, МИХАЕЛА КОВАЧEСКА од СУГС „Јосип Броз-Тито“, ЉУПЧО МИЛЕНКОВСКИ  од СУГС „Кочо Рацин“,НЕНА ДИМИТРОВСКА  од СУГС „Герги Димитров“, МАРТИН КИРОВ од СУГС „Боро Петрушевски“, ХРИСТИНА ДИМИТРОВСКА од СУГС „Браќа Миладиновци“, МАРТИНА БОШКОВСКА од СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“, ФИЛИП СИМОНОВСКИ и МАРИО ПЕШЕВСКИ од СУГС „Михајло Пупин“,ЈАНА ВРАНГАЛОСКА од СУГС „Панче Арсовски“, МАРТИН ИЛИОВСКИ од СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, ЕЛЕНА МЕРЏАНОВСКА од СУГС „Орце Николов“, ЈАСИР ИСЛАМИ од СУГС „Зеф Љуш Марку“, ИГОР КАРАНФИЛОВСКИ и НИКОЛЧЕ ТРАЈКОВСКИ од СУГС „Лазар Танев“, СИНАН ИСМАИЛИ од СУГС „Арсени Јовков“, САРА ГРБЕВСКА од СУГС „Никола Карев“, АНДРИЈАНА ВЕЛКОВСКА од СУГС „Владо Тасевски“, МИМИ СПАСОВСКА и ДРАГИЦА ДИМЧЕВСКА од СУГС „Димитар Влахов“, ХАМИТ ЗЕКИРИ од СУГС „Цветан Димов“, ДЕЈАН ЛЕШНИКОВСКИ  и ЕРЏАН ИБРАИМИ од СУГС „8 Септември“ и ЕМИ ВЕСЕЛКОСКА  од СУГС „Васил Антевски-Дрен“.

Манифестацијата се одржа во Македонскиот народен театар каде што на гостите им беа претставени најдобрите матуранти за оваа година и преку видеопрезентација беше раскажано кои им биле омилени предмети, како го исполнуваат слободното време и која професија би ја избрале. На настанот настапија Сара Мејс, квартетот флејти „Аулос“ и танчарки од клубот „Ритам плус“.