Наградени компании и граѓани за заштита на животната средина

На традиционалната манифестација „Денови на пролетта – денови на екологијата“, градоначалникот Коце Трајановски, , денеска додели награди за најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција и најубав состав и цртеж на тема : „Eкологија“ за учениците од основните и од средните училишта во Скопје.

Целта на настанот е да се подигне еколошката свест кај граѓаните и да учествуваат во разубавување на градот и преку свои активности да дадат свој придонес за почиста и поубава животна средина.

„Ја поттикнуваме бизнис заедницата да обрне поголемо внимание на одржливиот развој, на воведувањето нови технологии и на почитување на еколошките стандарди. Наградата за најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците е особено значајна за Градот Скопје од причина што учениците се идните лидери во областа на унапредувањето на животната средина во која тие ќе живеат. Задоволство  ми е што во конкурсот учествуаа многу голем број граѓани и компании и се надевам дека наредната година интересот ќе биде уште поголем – рече градоначалникот Трајановски.

Награда за најеколошка компанија доби „Раде Кончар“ за „Еко зрак на Балканот“, проект   за заштита на животната средина, преку редукција и елиминација на штетни состојки во трансформаторското масло.

За најголем придонес за заштита на животната средина и природата награден е Ѓорги Селков,  за организирање на манифестација „Часот на планетата Земја“.

Најубаво уреден двор има куќата на Борис и Наташа Михајлоски, на улица Мраморец, број 25б, а за наубав двор во колективно домување, награден е објектот на улица Кленоец број 61.

Средно училиште  „ Здравко Цветковски“, исто така доби награда за најубаво уреден двор на институција.

За најубав состав и цртеж на тема: „Екологија“, нагредни се основците Вања Милческа VII4 одделение од ОУ „Крсте Мисирков“ и Георгина Срефановска VIа ОУ од „Блаже  Коневски“. Како и средношколката Стојна Стојчевска од ПСУ „Алгоритам Центар“.

Најубав цртеж на тема екологија направија Теа Божиновска IIIa одделение од ОУ „Владо Тасевски“,  Матеа Шутарова VII одделение од ОУ„Лазо Трповски“ и Ања Петковска, од средното училиште „Кочо Рацин“.

 

dvor kolektivno domuvanje  dvor na kukja (3) dvor Zdravko Cvetkovski (2) Nagradi - pridones za zastita na zivotnata sredina (1) Nagradi - pridones za zastita na zivotnata sredina (8) (2)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.