Наградени најдобрите компании на годинашниот Саем за мебел

Скопски саем денеска ги додели наградите за најдобрите производители и трговци на 41. Саем за мебел во вкупно 20 категории. На годинашниот саем во 10-те саемски хали застапени се повеќе 400 домашни и странски изложувачи.

– Саемот за мебел веќе години наназад поставува нови критериуми, ги дефинира трендовите во оваа гранка и сосема заслужено го носи епитетот на најпрепознатлив бренд во оваа индустрија, изјави извршната директорка на Скопскиот саем Даниела Глигоровска.

Бројот на посетители се очекува оваа година да ја надмине бројката од 50.000, а сите ќе бидат дел од големото извлекување за новата Опел Корса, кое ќе се одржи во недела на 29-ти март, потсетуваат од Скопскиот саем.