Наградени најдобрите на конкурсот на Град Скопје за најголем придонес во заштитата на животната средина (ФОТО)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /28.06.2017 година, среда/ ги додели наградите на најдобрите во традиционалниот градски конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта во Скопје.

„ Градот Скопје во рамките на традиционалното одбележување на „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, распиша Јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување), најубаво уреден двор (институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и средните училишта. Градот Скопје го реализира овој конкурс со цел потикнување што поголема грижа за животната средина, како и за мотивирање на учениците што повеќе да се грижат за средината во која што живеат. Овој проект има одлични резултати во однос на подигнувањето на свеста за заштитата на животната средина и веќе традиционално се одржува секоја година“, рече градоначалникот Трајановски.
Јавниот конкурс беше објавен на 21.03.2017 година и траеше до 16.05.2017 година. Пристигнатите пријави беа разгледани од Kомисија формирана од претставници од секторите на Град Скопје.

На традиционалниот градски конкурс на Град Скопје оваа година наградени се:

I. Категорија: Најеколошка компанија – Градежен институт Македонија АД Скопје

Наградата е доделена на оваа фирма која има прикажано успешна примена на стандардот ИСО 14001 и придонес во зачувување на животната средина;

II. Категорија: Најголем придонес за заштита на животната средина и природата

– Елколект ДОО

Наградена е компанијата која е колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Наградата ќе биде донирана на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

III. Категорија: Најубаво уреден двор

1. Двор во индивидуално домување – Весна Игњатовиќ;

2. Најубаво уреден двор на институција – ООУ „25 МАЈ“ Скопје;

IV. Категорија: Најубав состав на тема екологија

1. За основно образование – Леузана Асани, VI-1 одделение при ООУ „25 Мај“

2. За средно образование – Симона Симоновска – СУГС „Раде Јовчески Корчагин“ – Скопје

V. Категорија: Најубав цртеж на тема екологија

– Ева Карамановска, VII Б одделение при ООУ „Рајко Жинзифов“ Скопје

 

Ekoloski nagradi 2017 (3) Ekoloski nagradi 2017 (4) Ekoloski nagradi 2017 (5) Ekoloski nagradi 2017 (6) Ekoloski nagradi 2017 (7)