Наградите за штедлив дом одат во рацете на лојалните корисници на ЕВН Македонија

Наградите за штедлив дом одат во рацете на лојалните корисници на ЕВН Македонија
Наградите за штедлив дом одат во рацете на лојалните корисници на ЕВН Македонија

 

Лолита Грковска од Скопје е среќната добитничка на вредносен ваучер од 30.000 денари за купување на апарати за домаќинство добиен во третото коло од наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“.

Се до подигнувањето на наградата кај неа имало мал сомнеж  дека можеби нејзината добивка е само неумесна шега.

„Вработените од ЕВН ме контактираа да ми соопштат дека сум добитник на вредносен ваучер од 30.000 денари, но уште долго ми требаше да се уверам дека ја зборуваат вистината, изјави Лолита Грковска. Подоцна проверив на веб-страната evn.mk и повеќе немаше дилема, мојот кориснички број е еден од добитните! Мојата радост ќе ја споделам со најблиските; на внуците ќе им подарам таблети, а на мајка ми енергетски ефикасна машина за миење садови“ – рече Грковска.

Во наградната игра „Награди за штедлив дом” право на учество имаат потрошувачи од категоријата Домаќинства и Мали бизнис корисници, кои имаат доставено лични податоци, односно, име, презиме, адреса и матичен број до ЕВН Македонија.

Сите корисници имаат можност да добијат вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари од Нептун Македонија, наменет за купување на апарати за домаќинство или сет за енергетска ефикасност составен од мерач за електрична енергија, тајмер и метеоролошка станица.

Ажурирањето на податоците се прави со:

  • Пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен на веб-страната на ЕВН evn.mk
  • Пополнување на формулар во кој било наплатен пункт или приемна канцеларија на ЕВН Македонија
  • Пополнување на формуларот што ќе пристигне со следните фактури за електрична енергија

За повеќе податоци околу наградната игра, извештаите за наградите и најлесниот пат за ажурирање на податоците на следниот линк  evn.mk.

Извлекувањата од наградната игра „Награди за штедлив дом“ се реализираат во емисијата „На гости кај“ што се емитува секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ.