Наградниот фонд на Вимблдон се зголеми на 34 милиони фунти

Неофицијалното светско првенство на светото во тенис, турнирот во Вимблдон, објави дека вкупниот награден фонд за годинешново издание ќе изнесува 34 милини британски фунти, што е 7,8 отсто повеќе од минатата година, а на победниците во поединечна конкуренција ќе им припаднат по 2,25 милиони фунти.

Според моменталниот курс на валутните пазари, наградниот фонд на Вимблдон би требало да изнесува 46,57 милиони во американски долари, но и покрај значителното зголемување ќе остане зад францускиот Ролан Гарос, кој на учесниците на своето годинешно издание ќе им подели вкупно 47,18 милиони долари, односно 39,2 милиони евра.

Првиот годинешен „грен слем“ турни Австралија опен имаше награден фонд од 41,32 милиони американски долари, додека организаторите на УС Опен не објавија сѐ уште колка фонд ќе имаат на располагање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.