Најатрактивната промоција повторно достапна во ОНЕ припејд и ЏаБест

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ повторно ја воведува досега најатрактивната промоција во припејд. Од 26 јануари, единствено во ОНЕ, сите припејд корисници добиваат три пати повеќе кредит односно, за своите 100 денари добиваат 300 денари кредит.

Со промоцијата секој припејд корисник на ОНЕ и ЏаБест кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира оваа понуда и за 100-те денари да добие дури 300 денари кредит.

Доделениот кредит од 300 денари корисникот може да го користи во период од 10 дена за речиси сите  услуги што ОНЕ ги нуди на своите при-пејд корисници:  разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет и неделни и месечни пакети за разговори и интернет од актуелната понуда на ОНЕ.

Понудата е достапна за сите при-пејд корисници на мобилната телефонија на ОНЕ и ЏаБест и истата може да се активира на секои 10 дена, со јавување на бесплатниот број 1450, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст “300 START” или во сите продажни места на ОНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.