Најавaта на Заев за редефинирање на Уставот – срамно и опасно антимакедонско делување

заев

Најавата на опозицискиот лидер Зоран Заев дека планира уставно редефинирање на државата, за политичките аналитичари е неразумна и опасна политичка реторика.

Заев во дебатна емисија потврди дека планира отворање на Уставот со цел редефинирање на  уставниот концепт на државата и тоа за прашања кои задираат во етничките права на заедниците. Тој јасно потврди дека останува цврсто убеден во ставот дека албанскиот јазик треба да биде официјален на целата територија на државата.

Јас верувам дека употребата на јазикот може да биде наша предност, а не слабост, Јас од Струмица, каде што имам 94 отсто Македонци, 5 отсто Турци и 1 отсто други етнички заедници не губам ништо, што моите граѓани Албанци граѓани ќе си го употребуваат својот јазик. Некои викаат еј ало, пред избори си, ќе изгубиш македонски гласови. Па ако е грдо лицето на Македонецот, што е важно, ќе дојдат и други избори, ќе дојдат и други политичари. Сега му е мајката да ги отвориме овие теми, вели Заев.

Лидерот на опозициската СДСМ обраќајки им се на гласачите Албанци, јавно се обврза дека повторно ќе го отвора Уставот. На прашањето дали имаат намера да го сменат Уставот ако сакаат тој да биде граѓански, Заев одговори дека не исклучува оти тоа ќе се случи.

Ние одиме со граѓански концепт. Со соодветно време кога ќе дојде потребата прагматично за таа работа тоа ќе се случи, рече Заев.

Аналитичарите предупредуваат дека опозицискиот лидер на овој начин, ги враќа во игра затворените етнички прашања, кои со години предизвикуваа конфликти во државата.

Секогаш кога се разговара за национални прашања Заев ја застапува албанската страна. Зачудува што сега оди уште подлабоко и вели дека и покрај тоа што ние сега живееме со Охридскиот рамковен договор и во него се уредени сите меѓунационални прашања, тој најавува дека повторно ќе го отвора Уставот и ќе ги решава тие прашања. Знаеме дека отворањето на тие прашања во Македонија носат немири, тензии и несигурност за граѓаните“, смета Александар Пандов.

Тој предупредува и дека станува збор за процес на креирање нова етничко-безбедносна криза по изборите.

Целта на ваквите најави, според познавачите, е и собирање на политички поени кај Албанците, на сметка на македонските гласови и македонските национални интереси.

Ваквиот обид за собирање албански гласови, според аналитичарот Александар Даштевски ќе биде залуден, бидејќи како што вели албанското гласачко тело гласа исклучиво за албанските политички партии.

За менување на Уставот не одлучува еден човек или една политичка партија, туку тоа треба да биде во договор со сите субјекти, а особено потребите и барањата на сите етнички заедници во Република Македонија, а не само на една, и треба да има согласност од нивна страна. Од друга страна јас сметам дека сите барања на етничките заедници се остварени, дури имаат добиено и  повеќе од тоа што преставува меѓународен стандард. Не постои земја во светот каде што има два службени јазика, туку постои еден службен и еден кој можат да го зборуваат и другите граѓани. Изјавата за отварање на Уставот е обид да се привлечат што е можно повеќе албански гласачи во кампањата, но сметам дека тоа ќе биде залуден обид за освојување на нивните гласови, бидејќи Албанците, како и секогаш, ќе си гласаат за албанските политички партии, посочува Даштевски.

Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, најновите изјави на Заев дека ќе менува Устав за да ја направи Македонија двојазична, се само континуитет во антимакедонското делување на СДСМ.

Зоран Заев синоќа пред целата јавност потврди дека ќе го менува Уставот на Република Македонија за да ја направи Македонија двојазична. Зоран Заев го достигна врвот на срамното однесување кога ги навреди сите Македонци кои не се за воведување на целосна двојазичност на целата територија. Ова барање, колку за споредба, е една од петте заклетви на Али Ахмети пред своите гласачи.

Зоран Заев ги нарече „грдото лице на Македонија“ сите Македонци кои се против промена на Уставот за да се воведе целосна двојазичност. Невидена, незамислива навреда на Заев кон Македонците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека граѓаните не само што нема да дозволат спроведување на големоалбанските идеи на Заев, туку и дека ќе го казнат СДСМ за сето антимакедонско срамно делување.