Најавен протест пред црногорскиот парламент

Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора- сите на улица“ во сабота ќе организираат протест пред зградата на црногорскиот парламент во Подгорица, на кој што ќе се бара промена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина.

Тие, како што пренесуваат медиумите во Подгорица, ги повикале граѓаните да излезат на улиците и, како нивните соседи од Босна и Херцеговина, да побараат промена на власта.

Од таа неформална група соопштиле дека собирот нема да биде пријавен во полиција.