Најавен римејк на „Сестри во акција“

Продуцентското студио „Дизни“ најави снимање на нова верзија на филмот „Сестри од акција“ од 1992 година, во кој главната улога ја толкуваше Вупи Голдберг.

Според „Холивуд репоретер“, извори во „Дизни“ изјавиле дека римејкот треба да даде „нов поглед“ на оригиналната верзија на филмот.

„Сестри во акција“ говори за една салонска пејачка (Вупи Голдберг) која се преправа во калуѓерка за да побегне од нејзиното момче мафијаш. Оваа комедија заработи 232 милиони долари, по што следната 1993 година беше снимен и нејзин втор дел. Во 2006 година беше изведена и премиерата на истоимениот мјузикл на Бродвеј.