Најавена предрегистрација на баратели на азил во Грција

Во Грција кон крајот на овој месец ќе почне предрегистрација на баратели на азил, кои се наоѓаат во прифатните центри, а кои пристигнале во земјата пред 20 март и сакаат да поднесат барање за меѓународна заштита во Грција, соопшти Европската служба за поддршка на баратели на азил (ЕАСО).

Предрегиострацијата е прв чекор кој треба да се примени за да се дојде до меѓународна заштита во Грција, а може да доведе и до разгледување на барања за меѓународна заштита од страна на грчките власти и потенцијално признавање на корисниците на меѓународна заштита, или префрлање во друга држава членка на ЕУ согласно Даблинските одредби или планот за прераспределба.

Оние кои сакаат да бидат предрегистрирани мора да бидат физички присутни во текот на процедурата, вклучувајќи ги сите членови на семејството, се додава во соопштението на ЕАСО.