Најавени утрински протести пред Собрание поради договорот со Грција

Додека пратениците во Собранието ќе треба да расправаат по единствеата точка на дневен ред – Ратификација на договорот со Грција, граѓаните кои веќе неколку дена протестираат пред Собранието, денеска повикаа на нов протест  во 11 часот, за кога е закажана и  седницата.

Пред законодавниот дом протести имаше и вчера вечер. Официјален организатор немаше, но собирот беше инициран  преку социјалните мрежи. Во неделата пак насобраните демонстранти меѓу кои и од навивачката група Комити се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред Собранието, по што полицијата употреби солзавец за разбивање на групата.  Седумнаесет лица беа повредени, а 26 лица кои се однесувале насилно, ја туркале заштитната ограда, фрлале камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон и се обиделе насилно да влезат во Собранието, беа приведени.