Најави за снежни врнежи во недела низ целата земја

Времето во Македонија во саботата ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната ќе достигне од три до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе достигне до девет степени.

Од недела земјава ќе ја зафати студена и влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта во недела и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови.

До вторник се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Насекаде ќе се формира снежна покривка од околу 10 сантиметри, а на планините значително зголемување на истата (над 30 сантиметри).