Најбогатиот Кинез изгуби 3,6 милијарди долари во еден ден

Најбогатиот Кинез изгуби 3,6 милијарди долари во еден ден поради падот на берзата, кој го „збриша“ целиот годишен раст на акциите на берзата во Шангај.

Основачот и претседателот на конгломератот Далијан Ванда, Ванг Ѓенлин, вчера изгуби 3,6 милијарди долари што е повеќе од 10 отсто од неговото вкупно богатство според индексот на милијардери на Блумберг, пренесува Франс прес.

Најбогатиот Кинез, Ванг Ѓенлин, вчера изгуби 3,6 милијарди долари
Најбогатиот Кинез, Ванг Ѓенлин, вчера изгуби 3,6 милијарди долари

Акциите на берзата во Шангај вчера паднаа за 8,49 отсто, што е најголем дневен пад од 2007-мата година, а денес потонаа за дополнителни 7, 63 отсто.

Покрај големата загуба, богатството на Ванг од почетокот на годината порасна за шест милијарди долари.

Вториот најбогат Кинез основачот на Алибаба, Џек Ма вчера загуби се на се „само“ 545 милиони долари.

Вториот најбогат Кинез Џек Ма вчера загуби „само“ 545 милиони долари.
Вториот најбогат Кинез Џек Ма вчера загуби „само“ 545 милиони долари.

Кинеските власти пружија силна поддршка на берзите земјата откако клучниот шангајски индекс потона за повеќе од 30 отсто во периодот од три недели во средината на јуни. Пекинг за време на викендот соопшти дека кинескиот државен пензиски фонд, што на крајот на 2014-тата година управувал со сретства вредни 3, 5 милијарди јуани, прв пат ќе почне да купува акции на берзите, како најнов обид за смирување на турбуленциите на пазарот.

Според документот што беше усвоен од Државниот совет на Кина, локалните кинески пензиски фондови може да издвојат до 600 милијарди јуани (97 милиони долари) за стабилизација на ситуацијата на берзата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.