Свет

Најбогатите загубиле 114 милијарди долари во еден ден поради падот на берзите во САД

Најбогатите загубиле 114 милијарди долари во еден ден поради падот на берзите во САД

Големиот пад на американскиот пазар на акции во понеделникот доведе до тоа 500-те најбогати луѓе во светот да загубат вкупно 114 милијарди долари, покажува во вторникот индексот Bloomberg Billionaires Index.

Во понеделникот главните американски берзански индекси паднаа за меѓу 3,8 и 4,6 отсто, поради загриженоста на инвеститорите од растот на приносите на американските обврзници и можноста за дополнително зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed).

Индексот Dow Jones загуби во само еден ден 1.175 индексни поени, што претставува намалување на неговата вредност за 4,6 отсто што е историски рекордно дневно номинално намалување на овој индекс а во проценти од август 2011 година. Индексот на петстоте најсилни компании S&P 500 се спушти за 4,1 проценти, додека технолошкиот Nasdaq индекс загуби 3,78 отсто.

Најмногу од ваквите флуктуации на пазарот на акции настрада челникот на ивестициската компанија „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет, чиешто богатсво во еден ден се намали за 5,1 милијарди долари. Основачот на најголемата социјална мрежа Facebook, Марк Цукерберг, пак, загубил 3,6 милијарди долари, додека основачот на најголемиот светски онлајн-трговец Amazon, Џеф Безос, е трет според загубата поради потопот на њујоршки Волстрит, и загубил 3,3 милијарди долари.

Соосновачите на компанијата којашто го поседува водечкиот интернет пребарувач Google, Лари Пејџ и Сергеј Брин загубиле по 2,3 милијарди долари, додека основачот на технолошкиот гигант „Microsoft“, Бил Гејтс, останал покус во понеделникот за 2,25 милијарди американски долари.

Сепак, првата петорка милијардери не претпре измени. На првото место останува Безос чиешто богатство е проценето на 116 милијарди долари, на второто е Гејтс со 91,6 милијарда, на третото Бафет со 85 милијарди долари. Потоа следат Цукерберг со 74,7 милијарди, а најбогатите петмина на планетата ги заокружува сопстеникот на модниот бренд Zara, Амансио Ортега, со 74 милијари долари.

Според аналитичарите, американскиот пазар на акциите се соочува со длабока корекција по речиси постојаниот раст од 2009 година. Една од причините за падот се податоците за значителниот раст на примањата во САД и рекордно ниската неваботеност што може да предизвика раст на потрошувачката и на инфалцијата. Меѓутоа, некои експерти велат дека не станува за продолжен пад, туку пазарот ќе најде ова основа раст.