Најбројната партија во Европарламентот со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори

Европската народна партија (ЕПП), која е најголема во Европа и најбројна во Европскиот парламент ќе даде силна и активна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во април идната година.
eppПартијата од чии редови се и претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, на денешното партиско политичко собрание во Брисел, на кој присуствуваше и македонскиот пратеник Владимир Ѓорчев, се согласиле да и дадат силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, својата сестринска партија од Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
 Ова на еден од најактивните пратеници на владејачката партија во Македонија, меѓу другото на неговиот билатерален состанок му го потврдил и претседателот на ЕПП, Жозеф Дол. 
– Главна тема на денешното политичко Собрание на ЕПП беше актуелната криза со мигрантите. Но, во билатералните средби што ги имав, главна тема беше информирање на главните луѓе во Европската народна партија за актуелните состојби во Република Македонија. Она што е добро е дека во претстојниот период очекуваме посета на високи претставници на ЕПП, пред се на претседателот Дол, како и на генералниот секретар Антонио Лопез-Истуриз. Договорени се и поголем број обуки што ќе се однесуваат на нашите активисти и на нашиот изборен штаб. Сето тоа ќе биде според кампањата што ја имаше Европската народна партија за европските избори, потенцира пратеникот Ѓорчев.
izbori1
Како што е познато, ЕПП на минатогодишните избори за пратеници во Европскиот парламент оствари убедлива победа, поради што оваа партија е на власт во Европарламентот, а и од нејзините редови беа избрани првите луѓе на Европската унија.